На последната седница Управниот одбор на Ракометната Федерација на Македонија донесе одлука за промена на форматот на натпреварување во домашното првенство.
Бројот на екипи во ракометната Суперлига од сезоната 2021/22 ќе биде намален на 12, што значи дека само двaтa најдобри тимови од плеј-аутот ќе останат во елитата, додека пак прволигашки статус ќе стекне само првиот од Првата лига на Македонија. Бараж за влез во Суперлигата ќе играат второпласираниот од Првата лига и третопласираниот од плеј-аутот.
Од сезоната 2022/23, бројот на екипи во лигата ќе се намали за уште два клуба, вкупно десет.
Екипите кои ќе настапуваат во СЕХА Лигата, од следната година во домашното првенство ќе играат како и сите други од првото коло на регуларниот дел од сезоната, а не како досега од плеј-офот.
Новина е и правилото кое ќе стапи во сила од сезоната 2022/23. Бројот на странски ракометари ќе мора да изнесува максимално шест, а тоа правило ќе важи само за натпреварите од домашното првенство.