Римјаните побрзо ја правеле Виа Игнација од нашиве сега реконструкцијата Катланово – Петровец

Реконструкција на седумкилометарската делница на автопатот меѓу Катланово и Петровец стана историска. Веќе се подзаборави и кога почна да се прави. Сигурно патот бил побрзо направен од сега реконструкцијата што се прави.

Срамот да биде поголем, сега ќе се бара и нов изведувач. ЈП за Државни патишта уште во септември лани го раскинало договор со градежната фирма „Бетон“ бидејќи договореното не било исполнето. Договорот предвидувал ова мала делница да се реконструира за една година откако работите на терен почнале во септември 2020 година. На почетокот градежните работи некако оделе, но потоа се запрело. Сега, на делницата трасата е раскопана, сообраќајот се одвива по една лента, а сето тоа предивикува забавување и опасност од сообраќајни несреќи.

Зарем дури сега виделе дека само околу 12 проценти од предвидените работи биле завршени по едногодишен „ангажман“ на оваа фирма? Преку тендер ќе се барало друг изведувач, а тоа пак ќе бара време за завршување на постапката. А реконструкцијата кој знае кога потоа ќе заврши.

Нема точни податоци, било одамна, пред нашата ера, ама веројатно е дека во римско време, магистралата Виа Игнација била правена побрзо.

Претходна вестМинималната плата денеска пред законодавно-правната комисија во Собранието
Следна вестИнститутот за македонски јазик го одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик