Динамо Загреб триумфираше против Ријека со 2-1 во, се чини, клучниот натпревар во битката за титулата во хрватскиот шампионат.
За време на мечот македонскиот интернационалец Стефан Ристовски, поранешен фудбалер токму на Ријека, доживуваше бројни навреди од противничките навивачи кои и пред натпреварот преку социјалните мрежи упатуваа серија навреди кон Ристовски.
-Тој е најлигавиот фудбалер кој игра во Хрватска, секогаш театрален, секогаш сака да привлече внимание. Фудбалерот кој секогаш скандираше против Динамо кога играше за Ријека, а сега со омраза гледа кон Ријека, беа дел од коментарите на навивачите на Ријека пред дуелот.
Поранешниот капитенот на македонската репрезентација, пак, по натпреварот им порача дека нивните навреди не допираат до него, и покрај тоа што ја споменуваа и неговата почината мајка.
-Не ве мразам, но комплетно ја загубивте мојата почит. Семејството е секогаш поважно од се. За тебе, мајко, напиша Ристовски на социјалните мрежи.
Ристовски стандардано го одигра целиот натпревар за Динамо Загреб кој направи клучен чекор кон одбрана на титулата.