Ристовски: Посебно драг трофеј, нека ова биде почеток на успешна сезона!

о пауза од една година трофејот од турнирот во Струга повторно е во витрините на Вардар кој по 14. пат победува на најстариот ракометен турнир во Македонија.

Вардар во финалето на Струшкиот турнир играше против тимот на Алкалоид и во неизвесен меч успеа да триумфира со пет гола разлика, 25:20.

Новиот извршен директор на Вардар, Борко Ристовски, се огласи на социјалните мрежи и упати кратка порака.

ПОСЕБНО ДРАГ ТРОФЕЈ. НЕКА ОВА БИДЕ ПОЧЕТОК НА УСПЕШНА СЕЗОНА ЗА ВАРДАР, НАПИША ПОРАНЕШНИОТ ГОЛМАН.

Турнирот во Струга беше вистински тест за Вардар, кој на 26-ти август ќе го започне настапот во Европа.

Вардар пред својата публика ќе го пречека Рајн Некар во рамки од квалификациите од Лигата на Европа.

Реванш средбата се игра на 3 септември во Германија, Победникот од овој двомеч ќе игра во групата А од Лигата на Европа со Нант, Кристијанштад и Бенфика.

Претходна вестРеакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Кузеска
Следна вестТешко повредена жена во Охрид- во неа удрил автомобил