РК Алкалоид синоќа го изгуби натпреварот со данскиот тим Силкеборг 23:31. Тоа беше натпревар од третото коло во Лигата на Европа на ЕХФ.
Натпреварот се играше скоро и изедначено во почетните десетина минути, но потоа данскиот тим ја зголеми брзината, а на тоа се надоврзаа и многуте технички грешки и промашени седмерци од страна на ракометарите на Алкалоид.
Добро почна и второто полувреме, но секогаш кога Алкалоид ќе дојдеше до шанса да се доближи на три разлика, следуваше техничка грешка или промашен седмерец. Ракометарите на Алкалоид реализираа само три од осумте обиди од седум метри, што е премногу за меѓународен натпревар со искусна екипа. А, слично се случи и на друг натпревар.
Тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров по мечот вели дека повторно големиот број промашени пенали го чинеше неговиот тим пораз.
-Едноставно, не може да се добие еден ваков меч со толку промашени пенали. Квалитетот кај нас е тоа што можеме да изнудиме пенал, но мора и да почнеме да ги погодуваме, изјави Лазаров.