Родителите на петгодишната Јана од Битола која почина со 19 единици шеќер во крвта, се иселија од Македонија

Родителите на петгодишната Јана Христовска од Битола која почина во битолската болница откога прими инфузија, се иселија од Македонија. Кумот на Јана, Игор Петковски за „Макфакс“ вели дека заминале оти целосно ја изгубиле вербата во нашите институции.

– Стравуваа како ќе појдат со синот на лекар ако не дај Боже затреба. Ставија шест месеци на Јана, се спакуваа и тројцата заминаа од државава. На најтешкиот начин почувствуваа како функционира таа спрега меѓу здравството, судството и сите институции кои имаа допир со случајот на Јана. Сите оставија впечаток дека се штитат едни со други. Најгневни се на обвинителката која го затвори случајот само врз основа на изјави, истрага не видовме. Институциите  покажаа дека сите се изврзани едни до други и кај нас се владее по системот на династија, вели Игор Петковски, кумот на Јана за „Макфакс“.

Јана почина на 22 март годинава во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола , а нејзините родители се убедени дека причина за смртта е лекарска грешка оти и била дадена инфузија со гликоза која и го качила шеќерот во крвта на 19 единици, а претходно никогаш немала такви проблеми. Ја однесоа на лекар поради симптоми на настинка.

 

Претходна вестМицкоски: Во маркетите имаме европски цени, а стандардот е полош и од некои африкански земји
Следна вестЛавров побара да дојде во Скопје, Османи со објаснување…