Рокот за нови налепници продолжен до крајот на 2024 откако видоа долги редици

Вчера имаше нетрпеливост и долги редици од возачи и возила, заради набавката на фамозните налепници со назнака „НМК“ бидејќи рокот за нивна замена беше до вчера (12.02.2024), а и затоа што се појавија само пред еден ден наместо со месеци порано. За да се премавне малтретирањето на граѓаните кое не е по нивна вина – иако првичниот рок за налепници со ,,НМК” беше 12.02.2024, власта денеска донесена нова одлука.

За одлуката Министерството за внатрешни работи издаде соопштение:

-Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните на Република Северна Македонија, дека согласно Правилникот за изменување на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици на возилата, како и начинот и постапката на нивно издавање, објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ на 12.02.2024 година, рокот за замена на регистарските таблици кои ја содржат ознаката „МК“ и на регистарските таблици кои немаат никаква ознака или ставање на налепница на која е испишана ознаката „НМК“ се продолжува најдоцна до 31 декември 2024 година.

Исто така, ги информираме оние граѓани кои ќе бидат спречени од страна на граничните полициски службеници да направат излез од државата поради тоа што поседуваат патна исправа со името “Република Македонија“, дека можат да побараат писмено известување во кое ќе бидат наведени причините поради кои се оневозможени да направат излез, стои во соопштението на МВР.

Претходна вестГрција се вклучува во проектот брза пруга Будимпешта-Белград-Скопје-Солун што е историска победа за Западен Балкан
Следна вестТинејџер од Кавадарци фотографирал банкарска картичка од маж во теретана, па си пазарел онлајн