Розите не цветаат во скопски ОК „Вардар“

Колумна на Дарко Ангеловски:

Скопје и скопски спорт имаа многу убави поглавја во изминативе години, многу убави успеси, сеедно дали се работи за групен или индивидуален спорт. Ракометот си ја држи приказната, фудбалот опаѓа, а јас сакам да се задржам на одбојката во која дојдовме во ситуација да немаме доминантен клуб во клубското натпреварување.

Од времето на силниот „Вардар“ па се до „Работнички“, кои беа примери како треба да изгледа еден клуб во секој поглед, од кои сите учеа, се дојде во ситуација да се сврти топката, да се оди кон бездна. Дваесет и први век сме, главен град сме, но сега се гледа дека сите што влегувале и излегувале од скопски клубови биле само зарад лична сатисфакција, да се исперат некои пари, па потоа да се свртат два-три лоши муабети и приказни за да после „играчите биле виновни“… хаха, само слатки насмевки.

Ситацијата е таква: еден клуб го имаме или го немаме. Имаме клуб да ги брани боите што се оставени, но не ги брани. Само ги валка, уништува пополека, за нечиј личен приход и сметка.

Одбојкарски клуб „Вардар“ сепак е градски клуб и треба малку со прстот на чело да се види кој, како и зошто така сега го води клубот. Да се види, како прво, дали играчите се задоволни, да се запарашаат дали луѓето се разбираат во водењето на клубот или само се ставени како марионети и наместо добри прават лоши работи.

Младина, млади играчи и таленти нема и се оди во полошо и полошо. Нема ни да се случи промена на генерацијата. Сепак, не е до младината него до системот и водењето и внатрешната политика. Токму сега треба да се угледаат на тие што се уште ни служат како углед и кои го граделе концептот во времето кога Скопје имаше одбојка.

Значи, треба да се погледне лево – десно, да се продолжи онаа скопска одбојкарска скопска школа која му носила радост на Скопје, а не да се оди со глава во ѕид. Со тоа удирање во ѕид дојдовме во ситуација мрежата да биде превисока за нас, да не можеме да создаваме нови таленти, нови екипи, да дојдеме до нови успеси.

Розите, едноставно, сега не цветаат во скопски ОК „Вардар“. Време е да почнат повторно да се негуваат за еден живот една љубов.
 
Претходна вестОд отворањето на градинките со вирусот се заразиле 9 деца и 13 вработени
Следна вестСе утврди дека СЈО незаконски си поделило 4,6 милиони евра и сега што понатаму?