Русија воведе санкции за Бајден, за министрите за надворешни и одбрана и за шефот на ЦИА

Русија воведе санкции против американскиот претседател Џо Бајден, соопшти Министерството за надворешни работи.

Санкциите се и за државниот секретар Ентони Блинкен, за секретарот за одбрана Лојд Остин, за советникот за национална безбедност Џејк Саливан и за шефот на ЦИА Вилијам Барнс.

Оваа мерка се смета како реципроцитет на санкциите кои САД и другите западни земји ги воведоа за рускиот државен врв и голем број бизнисмени и олигарси.

 

Претходна вестЕУ: Благодарност – ДА, но компензации НЕ за Македонија поради санкциите кон Русија
Следна вестПроменливо облачно со сончеви периоди