„Русите“ доаѓаат в недела, за „кинезите“ ни збор

Во недела се очекува да пристигнат првите количини од вакцината „Спутник В“, а административната постапка како што се дозволите за пуштање во промет од Агенцијата за лекови е почната од вчера, тврди министерот за здравство Венко Филипче.

Најавата е дека 3.000 дози од руската вакцина ќе стигнат во недела со специјален транспорт преку DHL со соодветно пакување, ладен ланец со запазување на тие температури, бидејќи оваа вакцина која за разлика од „фајзеровата“ се чува на температура на -18 до -20 степени.

-Доколку стигне во недела какви што се најавите, во текот на почетокот на следната недела треба да почне вакцинацијата и со вакцината „Спутник В“, изјави вчера Филипче.

По овие 3.000 дози, се очекува да пристигнат и дополнителните дози за ревакцинација.

Според најавите и од Филипче и од Заев, државата ќе набави 100.000 дози од руската вакцина.

За кинеските вакцини, за кои беше најавувано дека ќе стигнат, прво, на крајот на минатиот, а потоа и дека ќе каснат неколку дена, нема ни збор. Авансот е вратен, но објаснување од нашите власти за тоа нема.

Претходна вестСофија не побарала вметнување на Бугарите во Уставот, но зошто Османи спомена?
Следна вестКонечно поликлиника во Сарај, следна е Кисела Вода