Руски медиуми: Главниот командант на Црноморската флота е жив и здрав, седи до Шојгу

Се разреши неодамнешна дилема околу висок руски офицер. Имено, главниот командант на руската Црноморска флота, за кој официјален Киев тврдеше дека е убиен, е жив и здрав, јавуваат руските медиуми.

Од Киев беше соопштено дека вооружените сили на Украина користеле британски ракети Storm Shadow во нападите на руската Црноморската флота во Севастопол, при што, како што понатаму се тврди, командантот на таа флота, адмирал Виктор Соколов, бил убиен.

Меѓутоа, адмиралот Соколов се појави на денешната средба во руското Министерство за одбрана седејќи веднаш до началникот на Генералштабот на руската армија, Сергеј Шојгу, објави „Спутник“.

Претходна вестШведскиот град Кируна ќе мора да се пресели на нова локација
Следна вестВо Врховен суд недостасуваат десет судии, во апелационите вкупно 49…