Home АКТУЕЛНО Руски тенкови се поблиску до Киев, украинската армија урнала мост

Руски тенкови се поблиску до Киев, украинската армија урнала мост

0
Руски тенкови се поблиску до Киев, украинската армија урнала мост

Скорешен напад врз престолнината Киев очекуваат украинските власти кои најавуваат одлучен отпор против руските сили кои вчера утро извршија инвазија врз Украина.

-Украина очекува руски тенковски напад врз главниот град Киев подоцна во текот на денот, што може да стане најтешкиот ден во војната досега, изјави советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Херашченко.

Тој рече дека бранителите на Киев се подготвени и дека имаат многу противтенковски ракети испорачани од странски сојузници. Украинците кренаа во воздух мост на 50 километри северно од Киев во обид да ги спречат руските трупи да напредуваат кон главниот град.

Украински воен претставник, рече дека украинските сили успеале да ги одбијат руските војници во близина на Чернихив. Снимките од Киев покажуваат оштетени станбени згради, а министерството за внатрешни работи кажа дека еден руски авион се урнал во населбата Дарницки.

-Додека не запрат нападите, ние ќе ја браниме нашата земја, изјави Зеленски, кој синоќа прогласи општа мобилизација.

Тој потврди дека досега загинале 137 Украинци, а 316 се повредени.