Тензично околу руската амбасада во Романија. Имено, дипломатското преставништво на Русија во Букурешт добила закани за бомба. Ова го потврди рускиот амбасадор во Романија, Валериј Кузмин.
Според дипломатот, во Романија постепено се развива „многу напната“ атмосфера.
– Амбасадата постојано добиваше директни закани преку електронска пошта – дека ќе ја кренат во воздух, ќе бидеме отруени и слично, изјави амбасадорот за ТВ-каналот Русија 24, пренесува Макфакс.
За потсетување, утрово автомобил удрил во капијата на руската амбасада во Букурешт. Возилото се запалило, а возачот загинал.