Рускиот митрополит Антониј утре на средба со архиепископот Стефан

Митрополит Антониј, кој е на чело на Одделот за меѓународни односи на Руската православна црква, утре ќе престојува во Скопје каде ќе има средба со поглаварот на МПЦ-ОА архиепископот г.г. Стефан. Одржувањето на средбата за „Скопско ехо“ го потврди синодскиот портпарол владиката Тимотеј кој, заедно со уште некои други македонски владици, ќе присустува на средбата.

-На средбата ќе дознаеме кои се причините за посетата, ни изјави кусо митрополитот Тимотеј.

Ова е прва посета на достоинственик на Руска православна црква откако Македонската православна црква воспостави канонско единство со други православни цркви по одлуката на Српската православна црква да и го даде и признае автокефален статус. Кон крајот на август минатата година Руската православна црква реши да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА врз основа на одлуката на СПЦ. Митрополит Антониј дојде на чело на Одделот за меѓународни односи на РПЦ во јуни минатата година откако беше сменет дотогашниот шеф митрополит Иларион Алфеев.

Посетата на рускиот митрополит се случува во време кога МПЦ-ОА го очекува томосот од Вселенската патријаршија за автокефалност.

Претходна вестВелко Маркоски повторно во дресот на Вардар
Следна вестМакедонска телевизија: Пропустот со именувањето на г.г. Стефан е на организаторот на манифестацијата Бадниковите поворки