Руските воздухопловни сили уништија три украински беспилотни летала над регионот Калушка

Руското Министерство за одбрана соопшти дека системи за противвоздушна одбрана утринава уништиле три украински беспилотни летала над регионот Калушка и дека нема жртви или материјална штета. Ова област се граничи со Московската област.

– Денеска околу пет часот по московско време, беше спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со три беспилотни летала врз објекти во регионот Калушка, се вели во соопштението.

Руските системи за противвоздушна одбрана навремено ги открија и уништија сите беспилотни летала, пренесува РИА Новости.

Калушка област се граничи со Московската област на североисток.

Претходна вестДемократскиот сојуз предлага минималната пензија да изнесува 300
Следна вестЧленот на движењето „Самоопределување“, Бесник Мујечи фатен со дрога, нема да биде екстрадиран во Косово