Петмина обвинители од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, на кои минатиот месец им истекол мандатот, денеска се пак избрани на истата функција. Советот на јавните обвинители на денешната седница одново ги избра обвинителите Марија Ѓорѓева, Валентина Беслимовска, Енѓелуше Кадриу – Леши, Ивана Трајчева и Сузана Мирческа-Кузмановска. Тие добија нов мандат од четири години во Обвинителството на чие чело е Вилма Русковска.
Од десетте члена на Советот тие добија речиси едногласна подршка. Трајчева и Беслимовска добија 10 гласа „за”, а Ѓоргева, Мирческа-Кузмановска и Кадриу-Леши добија по девет гласа „за”. Други обвинители кои конкурираа, ни не добија мнозинство гласови се: Златко Биковски, Елизабета Јосифовска, Наташа Сарамандова и Арсим Адеми.