Обвинителката Вилма Русковска поднесе жалба до Советот на јавни обвинители за суспензијата која и ја врачи државниот обвинител, Љубомир Јовески ама не кажа поради што, туку дека само ги демантира неговите наводи.
-Во решението е наведено дека предметите треба да ги предадам на колегата кој е одреден за мој прв заменик. Истата се наоѓа на годишен одмор, така да и предметите не можев да ги распределам. Она не може да ги работи затоа што и против неа е поведена дисциплинска постапка. После ова мене што ми се случи, не верувам дека кој било колега сериозно ќе продолжи да постапува по истите, изјави Русковска.
Таа не сака да верува дека политичар или политика стои зад суспензијата и дисциплинската постапка, ама бара од новинарите тоа да го истражат. Експресно по неа реагираше Управата за финансиска полиција.
-Мандатот на директорот на Управата му е истечен на 15.02.2022 година кога истиот ден е назначен за в.д. В.Д. нема трајност како што има мандат! Затоа тој и не поднесува оставка- затоа што нема мандат, туку се повлекува од В.Д., велат од Управата за финансиска полиција.
Ја демантираат Русковска дека тоа што го барале од нив не им го доставиле во одредениот датум. Велат дека чекаат да биде назначен нов обвинител за предметот, па да му ги достават сите барани документи од Управата.