Русковска: Само кај еден курир откриени 1.500 недоставени платни налози, штета од 20 милиони денари

Пред некој ден од Судски совет добив известување дека починал некој курир и кај него во фиока откриени се преку 1 500 платни налози, за прекршоци, за мандатни казни… и со тоа за 20 милиони денари е оштетен буџетотизјави денеска Вилма Русковска, шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Таа во емисијата „Стадион“ на Канал 77 изјави дека најверојатно постојат и други вакви случаи.

Јас сум за прочистување на судството и на обвинителството, но да се откријат причините зошто застаруваат предмети, зошто имаме постапки по 15 години, кои се причините за тоа. Но, кога зборуваме за обвинителството и судството нам ни треба пошироко прочистување, да се види администрацијата како работи. Пред некој ден од Судски совет добив известување дека починал некој курир и кај него во фиока откриени се преку 1 500 платни налози, за прекршоци, за мандатни казни… и со тоа за 20 милиони денари е оштетен буџетот, и тоа зборувам за еден вработен само, кој знае колку има други вакви слуачи. Затоа сметам дека треба да има дополнување на одредени закони, на Законот за кривична постапка, на Кривилен законик , Законот за управните судови, мора некои работи да претрпат измени за да бидеме поефикасни, без разлика за кој суд станува збор, рече Русковска.

Министерот за правдса Бојан Маричиќ, кој учествуваше во истата емисија, рече дека коруптивното однесување е најчесто организирано, па затоа има вмешани и вработени од администрацијата.

Најверојатно, за одредена мала парична награда, службеник не вршел достава на платни налози, но не верувам дека службеникот може сам да го прави ова. Обично тоа е заеднички потфат и затоа мора да се реформираме, коментира Маричиќ.

Претходна вестВо скопски ковид центри има 159 слободни болнички легла
Следна вестМакедонија вечерва против Египет на поправен