Русковска веќе не е обвинител, Советот на ЈО едногласно ја разреши

Со едногласно гласање и без образложение Советот на Јавни обвинители денеска ја разреши Вилма Русковска од функцијата јавен обвинител. Советот го усвои предлогот на Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност за разрешување на обвинителката. Претходно, против Русковска и обвинителката Ивана Трајчева беше поведена дисциплинска постапка поради претресот во Управата за финансиска полиција пред речиси една и пол година.

-Едногласно е усвоен предлогот на Комисијата за разрешување на Вилма Русковска од функцијата јавен обвинител, констатира претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска.

Пред да се случи ова, одбиена била и жалбата на жалбата на Русковска во врска со предлогот за нејзино разрешување.

Одбиена била и жалбата на обвинителката Трајчева и со што е усвоен предлогот на Комисијата да ѝ се изрече мерка намалување на платата за 30 отсто, во траење од шест месеци.

Против Русковска и Трајчева беше отворена дисциплинска постапка од страна на Јавното обвинителство поради претресот во просторите на Управата за финансиска полиција летото 2022 година, додека директор на оваа институција беше Арафат Муареми. Тогаш, Муареми тогаш јавно обвинуваше за незаконит претрес и најави и кривични пријави против трите обвинителки. По налог на државниот обвинител Љубомир Јовески беше извршен и надзор, по што од Јавното обвинителство излегоа со соопштение дека констатирале пропусти во постапувањето при претресот во УФП. Предлогот за поведување дисциплинска постапка го даде Јовески, кој дополнително ја суспендира Русковска од работното место уште во август 2022 година.

Претходна вестГерт Вилдерс победи на изборите во Холандија, познат е по неговите анти исламски и анти ЕУ ставови
Следна вестЧетворица пожарникари побарале медицинска помош поради вдишување чад, пожарот во Фалише изгаснат