Пандемијата предизвикана од Ковид – 19 се уште го дрма светот. Излез се бара во вакцините, но нив ги има малку. Кога веже се виде дека тоа е проблем, САД се залагаат за укинување на заштитата на интелектуалната сопственост за вакцината против Ковид-19 за да се забрзаат производството и дистрибуцијата на скапоцениот серум во светот, соопшти денеска администрацијата на Бајден.
-Ова е глобална здравствена криза и вонредните околности на пандемијата на Ковида-19 бараат вонредни мерки, рече американската претставничка за трговија Кетрин Таи во изјавата.
Таа додава дека Вашингтон е активно вклучен во преговорите со СЗО за укинување на патентите.
Индија и Јужна Африка бараат привремено одземање на патентите за вакцини за да се забрза производството, но некои земји, како што е Франција, се противат на тоа.
Моќните фармацевтски лаборатории претежно се спротивставуваат на одземањето на нивните патенти, истакнувајќи дека тоа ги обесхрабрува скапите истражувања.