САД ја поддржаа одлуката на Јапонија да испушти радиоактивна вода во Пацификот

Властите на САД изразија поддршка на одлуката на владата на Јапонија за пуштање на загадена, радиоактивна вода од нуклеарната централа Фукушима во Тихиот океан. Во Вашингтон се со оценка дека таквата одлука е во согласност со глобалните безбедносни стандарди.

-Јапонската влада постапи транспарентно во донесувањето на оваа одлука, соопшти Стејт департментот, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Властите во Токио донесоа одлука за ослободување огромни количества радиоактивна вода од нуклеарната централа Фукушима во Тихиот океан во следните две години, на што остро се спротивставуваат локалните рибари и жителите на околните области.

Инаку, долго време ваквата одлука се одложуваше поради протести и безбедносни причини.

Во меѓувреме, државите од регионот излегоа со негативни реакции во однос на ваквата одлука.

Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја го повика јапонскиот амбасадор во Сеул на разговор. Кинеското МНР пак ја нарекло одлуката на јапонската влада „неодговорна“.

Скоро 1,3 милиони тони загадена вода, доволна за да наполнат 500 олимписки базени, во моментов се чуваат во огромни резервоари во нуклеарната централа Фукушима со трошоци од скоро милијарда долари годишно.

Во централата се истопија три од шесте реактори кога беше погодена од земјотрес и цунами во март 2011 година.

Загадената вода се преработува на самото место со напредна техника, но од неа не може да се отстрани радиоактивниот трициум.

Владата и операторот тврдат дека трициумот не е штетен за здравјето на луѓето при мала концентрација.

Претходна вестКазнети 109 возачи во Скопје, 7 возеле неисправни возила
Следна вестЕвропол: Албанија е главен извор на трговија со канабис во ЕУ