Само Тито остана без плочка, до кога?

Ставањето на информативни плочки и табли пред спомениците во Скопје стана масовна појава. Власта работи ударнички. Мноштвото споменици сега ги красат разни изгравирани во плочки објаснувања дека се од вакви или онакви периоди и треба да се подразбере дека не се поврзани со историјата и културата на Македонија.

Се чини остана уште споменикот на Тито пред истоимената гимназија во центарот на Скопје. Само тој ли ќе остане без плочка или табла? Или и за него ќе се најде соодветно и добрососедско решение?

Инаку, да потсетиме, пред некој ден се поставија нови 7 табли на мостот „Око“ пред спомениците на историски личности. Претходно, властите поставија табли и пред фонтаната на Александар Велики, Филип Втори и Олимпија, а ги брусеа и капаците на шахтите.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче целосно потфрлија, бројот на новозаразени не паѓа под 200
Следна вест80 бездомници ќе добијат хуманитарни пакети