Само вчера дури 300 казни за пребрзо возење

Дури 297 возачи се казнети за пребрзо возење на територијата на цела држава во текот на вчерашниот ден.

Од нив, 15 со 50 километри на час повеќе од дозволеното, а најголем број од казните се изречени на територија на Скопје – 83, а потоа на Битола – 49, на Штип – 45…

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Претходна вестНа Табановце се чека еден час, на Богородица 20 минути за излез од земјава
Следна вестЗаев очекува Џафери да објасни зошто во ЕП говореше на албански јазик