Само во населбата Ченто фатени 28 возачи без дозвола

Дури 28 возачи биле фатени од страна на полицијата како управуваат со возилата без возачка дозвола во текот на вчерашните полициски контроли во скопската населба „Методија Андонов – Ченто“. Инаку, во текот на акциската контрола биле санкционирани вкупно 103 возачи од што излегува дека секој трет возач бил казнет поради овој сериозен сообраќаен прекршок.

-Изречени се и 8 мерки за непочитување на брзината на движење, 5 за нерегистрирани возила, 5 санкции за возење под дејство на алкохол и 7 за користење  на мобилен телефон, соопшти МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови

Претходна вестРаководството на ВМРО-ДПМНЕ закажа редовен конгрес во ноември, партијата ќе се прочистува
Следна вестЧешкиот премиер лично гледал во Србија како тече вакцинацијата со руски и кинески вакцини