На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 124 мерки за прекршоци во сообраќајот.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека се санкционирани шест возачи за возење без возачка дозвола, пет санкции за користење мобилен телефон при возење, како и шест мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се и шест мерки за минување на црвено светло, седум санкции за некористење сигурносен појас…
Од МВР апрлираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи.