Санкционирани 149 пешаци, од нив 134 за небезбедно преминување улица

За време на контролата се санкционирани и 106 други видови сообраќајни прекршоци.

Во рамки на вчерашната сообраќајна контрола на територијата на Република Македонија спроведена од 08.00 до 13.00 часот, санкционирани се 149 пешаци од кои 134 за небезбедно преминување улица надвор од пешачки премин, соопшти МВР.

За време на контролата се санкционирани и 106 други видови сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, наведува МВР.

Претходна вестПредизборно за лицемерието – духовниот кукавичлук
Следна вестЗагрижувачко: Уште колку државни функционери не знаат македонски и со татковци одат на работа?