Денеска, во периодот од 6 до 10 часот, на територијата на Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 44 сообраќајни прекршоци.
Упатени на вонреден технички преглед се 28 возила.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.