На територија на СВР Битола во текот на вчерашниот ден спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 48 возачи.
Од нив 34 на територија на Прилеп, по 5, во Битола и Македонски Брод, 2 Ресен и по еден во Демир Хисар и Крушево,а за време на контролата биле санкционирани и 48 други видови прекршоци, информираат од МВР.
Од МВР посочуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови а апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.