На 18.02.2022 полициски службеници од Бирото за јавна безбедност-Оддел за криминалистичка полиција и инспектори од СВР Скопје во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во 25 угостителски објекти во Гостивар и во Струга и при тоа се констатирани низа неправилности во 14 објекти, кои се законски санкционирани.
Од страна на Управата за јавни приходи се изречени санкции кон седум објекти во Струга и седум објекти во Гостивар, во кои се констатирани различни неправилности: неиздавање на фискални сметки, немање резервен фискален апарат итн.
Од страна на Државниот пазарен инспекторат пак изречени се санкции за седум објекти во Гостивар поради разни видови непарвилности кои биле констатирани при контролите. Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период.