Санкционирани 196 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изрече вкупно 196 мерки, од кои 27 за управување со брзина поголема од дозволената. Покрај тоа, 20 возачи се казнети за возење без возачка дозвола, 10 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 14 за користење на мобилен телефон, пет за поминување црвено светло на семафор. Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Претходна вест4 милиони евра од судски пресуди, казни и банкарски гаранции во буџетот на Општина Центар
Следна вестМатевски: Министерството ќе удри во ѕид ако вака продолжи со образовната реформа