Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 64 мерки, меѓу кои осум за возење без возачка дозвола, три за непочитување на брзина на движење, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за користење на мобилен телефон, две за возење под дејство на алкохол, 27 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.