Сашко Кедев го освои и врвот на Маунт Чо Оју во Непал, висок 8.201 метри

Докторот Сашко Кедев завчера успешно го искачи врвот Монт Чо Оју, висок 8.201 метри во Непал, заедно со уште четворица алпинисти од Јапонија, Пакистан, Непал и тројца шерпаси. Тимот успешно стигна до шестиот врв на светот според височината во 12:30 часот, само пет дена по преминувањето на границата со Тибет.

-Тимот беше добро аклиматизиран од нивната експедиција во Манаслу, објави на официјалната страница организаторот на експедицијата.

Планината Чо Оју е 6-та највисока планина во светот, со надморска височина од 8.201 метар, која се наоѓа на границата Непал-Тибет на 20 километри западно од Монт Еверест во масивот Махалангур. Чо Оју на тибетски значи „тиркизна божица“.

-Честитки до сите членови на тимот за безбедното и успешното искачување, објавија на страницата на Инстаграм на Имеџин Непал.

Претходна вестМуцунски најави дека државната химна ќе се изведува и пред секој кошаркарски натпревар
Следна вестВчера избувнале 18 пожари, се уште гори на две места