Сашко Кедев: На врвовите над 8.000 метри, во т.н. „зона на смртта“ се отвораат нови перспективи за животот

Познатиот кардиолог, но и голем македонскиот планинар и алпинист, Сашко Кедев, во малата сала на македонската филхармонија одржа презентација по повод искачувањето на три врва годинава над 8.000 метри на Хималаите. Кедев успеа да се искачи на врвовите Анапурна1 (8.091метри), на Нанга Парбат (8.126) и на Чо Оју (8.188). Од вкупно 14 врвови на над 8.000 метри, Кедев има искачено дури осум.

Другите пет кои ги искачил се највисокиот на светот, Монт Еверест (8.848) во 2009-та, Манаслу (8.163) во 2021-та, и Далагири (8.167), К2 (8.611) и Броад Пик (8.051) во 2022 година.

– Планините се свети места, а искачувањата на врвовите над 8.000 метри, во т.н. „зона на смртта“ отвораат нови перспективи за значењето на животот, истакна Кедев.

Кедев потенцира дека искачувањата никогаш не треба да станат опсесија, како и тоа оти искачувањето на големите височини многу зависи од временските услови кои можат за миг драстично да се променат.

– Секое искачување е различно и многу ризично. Колку што е мачно искачувањето, понекогаш и спуштањата е многу проблематично, опасно, пред се’, заради исцрпеноста, рече Кедев.

На презентацијата Кедев говореше за животот, за смртта, за стравовите и за тоа дека во животот најбитно е да се има чиста мотивација.

-Стравот од смртта е исконски и најмногу не’ ограничува како живи суштества. Ние сме како капки во морето, но сме најдоминантни живи суштества на планетата земја. Секој од нас треба да го бара и да си го најде патот во животот, да работи на себе и да се развива во секој поглед, рече Кадев.

 

Претходна вестНа роденденот на Ацо Шопов премиера на балетскиот триптих „Молитва на моето тело“ во НОБ
Следна вестИсчезнатото момче од Струмица на 6 декември влегло во Бугарија