Сашо Кукески од ВМРО-ДПМНЕ е нов претседател на Советот на општина Гази Баба

На денешната редовна седница Советот на општина Гази Баба го избра советникот Сашо Кукески од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“.

Советникот Кукески е жител на населбата Хиподром, истиот е магистер по економски науки, оженет и е татко на две деца.

По завршување на седницата на Советот, градоначалникот Бобан Стефковски ја одржа првата средба со новиот претседател на Советот Сашо Кукески.

Новиот претседател Сашо Кукески е избран откако на претходната претседателка на Советот Дијана Илиевска и престана мандатот Советник во Советот на општина Гази Баба, бидејќи истата беше избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија по изборот на новата Влада.

Претходна вестЗголемени цените на становите во вториот квартал од годинава
Следна вестАрмиска вежба на Охридското Езеро, ќе биде вклучен и хеликоптер