Саудиската „ТВ Екбарија објави дека кралството официјално се приклучило на БРИКС. Како што наведуваат од телевизијата со ова Саудиска Арабија ја зајакнала својата позиција во светот.
– Кралството официјално стана полноправна членка на групата БРИКС, во која спаѓаат Русија, Кина и други земји, со што ја зајакнува својата позиција во светот – објави телевизијата.
Во август минатата година, на самитот на БРИКС во Јужна Африка, земјите-членки на оваа организација најавија дека имаат намера да поканат уште шест земји, меѓу другите, најголемите производители на енергенси, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Се очекува проширувањето на блокот БРИКС со Саудиска Арабија и ОАЕ да понуди нови можности за инвестирање за двете најголеми економии во арапскиот свет, истовремено зголемувајќи го влијанието на групата на глобално ниво, велат аналитичарите.