СДСМ: Александар Николоски е новиот Чак Норис, за два месеци направи пат кој велеше дека не е до никаде

Александар Николоски е уште еден политичар кој е новиот Чак Норис во владата на Мицкоски. За време на изборната камапња Александар Николоски жестоко критикуваше дека патот Градско-Дреново не е до никаде, за денес да објави фотографија дека е речиси готов, соопшти денеска СДСМ.

-Кога СДСМ објави видео од речиси завршениот пат а министерот Бочварски и противкандидатот на Николоски, претседателот Филипче се возеа по делницата, Николоски објави слики од разрушени карпи како доказ дека СДСМ лаже. Сега Николоски со практично идентични снимки од СДСМ се фали дека го завршил патот, наведуваат од најголемата опозициска партија.

Се додава дека лицемерието на Николоски и ВМРО-ДПМНЕ и потребата да се фалат со проекти на СДСМ наликува на сцена од комедија.

-Патот Градско-Дреново е целосно резултат на работата на СДСМ и Николоски може единствено да оди да се слика кога тој ќе биде пуштен во употреба, додаваат од СДСМ.

Претходна вестДа и се одземат ингеренциите на Арсовска, да се расформираат „Комунална хигиена„ и „Паркови и зеленило“, бараат скопски градоначалници
Следна вестИстражување: Владата паднала од прво на 40. место според транспарентноста