СДСМ: Цените растат, а животниот стандард на граѓаните се влошува

Цените на производите во маркетите продолжуваат да растат, а граѓаните се соочуваат со сè поголеми тешкотии во секојдневното живеење. Според опозицијата, и покрај зголемениот број на производи кои се дел од т.н. „новогодишна кошничка“, трговците веќе ги зголемиле цените на овие производи, што ги прави овие мерки неефективни.

-Политиките на власта со ‘кошнички’ се промашени и немаат никакво влијание. Измамата со кошничките е очигледна за сите граѓани кои ја гледаат секојдневно во маркетите, каде што цените на производите постојано растат. Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат поголема инфлација за 4,3% во месец ноември, како и зголемување на цените на мало за 3,5%. Високите цени и инфлацијата директно влијаат на семејните буџети. Граѓаните имаат сè помалку пари, што води кон сè поголема сиромаштија, додаваат од опозицијата, обвинувајќи ја власта за лоши политики.

-Лошите политики на Мицкоски ја погодуваат сиромаштијата на народот. Влада, наместо лаги и манипулации, треба да почне да работи на заштита на стандардот на граѓаните и да ги прифати издржаните предлози на СДСМ за намалување на цените и зголемување на платите, додаваат од СДСМ.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Груби и неговите помагачи мора кривично да одговараат
Следна вестЛевица реагира на одлуката на Уставниот суд: „Отфрлањето на уставната иницијатива е скандалозен потег“