СДСМ: Дали е точно дека избеганиот Рамадани ја напуштил државата со државно возило без никаква контрола?

Време е јавноста конечно да ја дознае вистината за скандалот поврзан со бегството на Блерим Рамадани, вистина која се крие од страна на МВР по секоја цена, соопшти денеска СДСМ. Митко Трајчулески, пратеник на СДСМ, врзано со овој случај, на партиската прес-конференција постави повеќе прашања на кои бара одговор од Владата и од МВР. Тој рече дека очекуваат одговори во следните 24 часа, а доколку не ги добијат, ќе ги објават сите информации кои ги добиле од свиркачите.

-Прво, дали е точно, дека на 10.8., кога Рамадани бил во куќен притвор, тој всушност си бил на Косово? Дали е точно дека на тој ден околу 18 часот и 40 минути, Рамадани со возило, без да биде застанато на границата, бил однесен на Косово и доцна вечерта вратен во куќниот притвор во Македонија? Прашуваме, дали е точно дека на 14.8 односно дента кога е избеган Рамадани, тој ја напуштил државата на ист начин со службено возило на државна институција, управувано од човек вработен во институциите, а повторно пропуштен на граничниот премин без никаква контрола?, праша Трајчулески.

Тој рече дека ова значи дека не станува збор за бегствто, туку организирано пуштање на затвореникот во Косово во кое учествувале македонските институции и дека се работи за партиско полициска организирана шема?

-Го прашуваме Тошковски, дали е можно човек баран со меѓународна потерница буквално да се шетал преку границата два пати додека де факто е во притвор кој треба да го обезбедува МВР? Која е улогата на МВР во овозможување на прошетките на Рамадани и негово конечно напуштање непречено на државата?, наведе Трајчулески.

 

Претходна вестПочнува 63. издание на Струшките вечери на поезијата
Следна вестКако тоа никогаш да промашиш, го праша Агаси српскиот ас Ѓоковиќ, а овој одговори…