СДСМ: Десет затвореници избегале од затвор во Шутка, неспобните Пандов и Утковски да бидат разрешени

Дури десет затвореници избегале од затворот во Шутка. Власта се обиде да ја сокрие информацијата од јавноста, но не успеа во намерата, соопшти денеска СДСМ.

-Неспособноста на владата на ВМРО-ДПМНЕ и кадрите на Мицкоски се евидентни на секој чекор. Каде е сега Пандов да одржи прес конференција и да каже како се случи да му побегнат 10 затвореници и да понесе одговорност за пропустите? Ова е уште една потврда дека Христијан Мицкоски намести несоодветни, непрофесионални кадри на директорските места само по партиски клуч, додаваат од СДСМ.

Според нив, најмалку што треба да направи Мицкоски е да ги разреши неспособните директори, Александар Пандов и Бобан Утковски.

Претходна вестНа Институтот за радиолгија вработените работат и втора смена и за викенд за да се намали чекањето
Следна вестМалолетник со мотоцикл прегазил 56-годишен маж во Романовце