СДСМ: Го осудуваме палењето на возилото кое го користел вицепремиерот Груби

СДСМ го осудува палењето на возилото кое го користел вицепремиерот Артан Груби. Ваков акт на насилство е неприфатлив и недозволив, соопшти синоќа владеачката партија.

-Очекуваме сите надлежни институции, Министерството за внатрешни работи, истражните и судски органи целосно да го расчистат случајот, јавноста да биде информирана за причините, мотивите и сторителите кои треба да понесат одговорност, се наведува во соопштението.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: ЈО да отвори постапка за прикривање на имот против Груби
Следна вестПронајдено телото на момчето кое исчезна во водите на браната кај село Дрвош