СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најслаби градоначалници досега

Од политичката партија СДСМ повторно ја критикуваат работата на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив состојбата е лоша секаде каде што градоначалници се од оваа партија.

– Покрај Скопје каде што владее вистински хаос, по само една година власт, катастрофална е состојбата и во други општини предводени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Прилеп. Штип, Велес, Охрид, Радовиш, Виница се само дел од општините каде комуналните давачки се сериозно зголемени.

Но истовремено, овие, но и други општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ трошат милиони денари во сред криза за привремени вработувања и партизација на општините. Општина Гевгелија е задолжена за 50 милиони денари, а долгот на општина Радовиш е зголемен за нови 800.000 евра.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најслаби градоначалници досега, а локалната и градската власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособната досега, се вели во соопштението на СДСМ.

Претходна вестМакедонец осуден на 4,5 години затвор во Бугарија, шверцувал дрога
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Новиот директор на АНБ, Милошевски е лице со многу афери