СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ пак си разменија соопштенија…

Власта е упорна во повикувањето на опозицијата да гласа за наметнатите уставни измени. Скоро да нема ден некој од таа партија да не го повика ВМРО-ДПМНЕ да гласа за она што го наумила Владата. Така е и денеска:

-Сите партии, а особено ДПМНЕ да дадат поддршка на Манифестот за преговорите со ЕУ, кој претставува добра основа за обединување на европскиот пат и зад кој застанаа СДСМ и сите политички партии од парламентарното мнозинство, велат од СДСМ.

Одамна е веќе вообичаено за двете партии на соопштение да има контрасоопштение:

-Димитар Ковачевски и СДС се самоцензурираат. И по месец дена откако најавија некаква Декларација за Илинден за заштита на државните интереси и значењето на Илинден за Македонија и македонскиот народ, ниту Ковачевски, ниту СДС збор не изустиле што содржи истата и кога ќе ја поднесат. Им забрани ли Румен Радев на Ковачевски и владата на СДС и ДУИ да ја поднесат Декларацијата за Илинден која месец дена наназад помпезно ја најавуваа? До каде е и што содржи таа Декларација?Зошто Ковачевски и СДС се уште не ја поднеле и од што се исплашија? Владата на СДС и ДУИ нема двотретинско мнозинство за уставни измени и затоа повикува на консензус. Но, единствено им е важен консензусот за ден повеќе да крадат. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. Консензус за уставни промени нема, стои во соопштението на опозиционерите.

И така, си разменија соопштенија, а сигурно веќе ги подготвуваат и новите за денеска, а попладне веќе и новите обзнани за утре…

Излез од сето ова се чини се само итни избори.

 

Претходна вестБугарски државјанин поминал на црвено, па се обидел да поткупи полицајци
Следна вестРусија ја лансираше првата мисија на Месечината по речиси 50 години