СДСМ: Изопачена потреба за политизација на жртви, нема грам човечност кај ДПМНЕ и Мицкоски

Додека цела Македонија жали, а институциите целосно го расветлија случајот, ДПМНЕ сака да профитира од трагедија и човечките жртви, соопшти денеска СДСМ.

– Кај ДПМНЕ и Мицкоски нема грам човечност. Имаат изопачена потреба за политизација на жртви. Најмалку што може и што треба да направат ДПМНЕ и Левица е да излезат пред јавноста и да им се извинат на граѓаните и на припадниците на македонската полиција, се вели во соопштението од владеачката партија.

 

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: МВР направи низа пропусти, зошто веднаш не тргнало во потрага по возилото на убиениот Панче?
Следна вестЗапленети непријавени 50.600 евра на Аеродром Скопје