СДСМ наскоро ќе си го смени името. Имено, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека името на партијата се уште не е сменето поради пречките кои ги предизвикала пандемијата.
Тој најавува дека на следниот конгрес на партијата ќе се случи промената на името.
-Верувам дека во периодот пред нас ќе постапиме во согласност со Преспанскиот договор, рече Заев.
Како што најави, се разгледуваат неколку опции како тоа ќе се изведе, партијата и понатаму ќе се нарекува СДСМ, меѓутоа зад буквите ќе се кријат други зборови.
Една од опциите за ново име на партијата била Социјадемократи од Северна Македонија.