СДСМ: Малиот Груевски освен блокади друго и не знае

Малиот Груевски – Мицкоски, освен за блокади друго и не знае. Со блокирање на европскиот пат на државата, ја продолжува политиката на својот претходник, кој 11 години ја држеше земјата во изолација, надвор од ЕУ и НАТО“, велат од партијата СДСМ

– Малиот Груевски на граѓаните наместо европска иднина и европски вредности, повисоки плати и пензии, пристап до европскиот пазар од 500 милиони жители и европски фондови, им нуди неизвесност и несигурна иднина.

Сега кога имаме историска шанса за членство во ЕУ до 2030 година, блокадите на ДПМНЕ мора да бидат поразени, се додава во соопштението на СДСМ.

Претходна вестСкопјанец дошол пред куќата на Јакимовски и му се заканувал дека ќе го убие
Следна вестПутин: Успешно ја тестиравме ракета со нуклеарен погон, „Буревесник“