СДСМ: Мицкоски, ако имаш докази повели објави ги, престани да ловиш вештерки

Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ја замајуваат јавноста со некакви индиции за криминал од претходната Влада без да понудат никаков доказ или да поднесат некакво обвинение, соопшти денеска СДСМ.

Најголемата опозициска паертија наведува дека Мицкоски не може да разбере дека веќе не е во опозиција туку е на власт и ваквите обвинувања без никакви докази предизвикуваат потсмев во јавноста.

-Тој со празни обвинувања сака да лови вештерки и да ја прикрива неспособноста и скандалите кои не прекинуваат да ја газат неговата хаотична Влада. На Мицкоски имаме да му порачаме само едно: Ако имате докази, изнесете ги. Фактите нека зборуваат сами за себе на суд и секој кој се огрешил нека одговара. Толку е едноставно. Дотогаш, вашата шуплива реторика служи само за да го одвлече вниманието од клучните прашања кои ги засегаат граѓаните. Теми и проблеми на кои вие потфрливте за само еден месец. Граѓаните заслужуваат влада која работи за нив, а вие потфрливте толку силно што и вашите поддржувачи се во шок и ова добро го знаете, се потенцира во соопштението.

Се додава дека континуираната кампања за оцрнување организирана од премиер на дражва е само потврда за неспоосбноста на тој премиер да понуди решенија за проблемите.

-Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ досега е само театар на обвинувања за да се прикријат скандалите со луксузирања, неспособноста да се справи со пожарите, газењето по работниците и нивните плати, задолжувањето до гуша на крајно сомнителен начин, криминалот со подароци од стотици илјади евра. Листата нема крај, затоа ова ќе ве однесе во ендек, наведуваат од СДСМ.

Претходна вестКурти во работна посета на Македонија
Следна вестСЗО: Можно прогласување на меѓународна вонредна состојба поради мпокс