Home АКТУЕЛНО СДСМ: Мицкоски да се извини за сите лаги, почнуваме преговори со ЕУ со заштитен идентитет

СДСМ: Мицкоски да се извини за сите лаги, почнуваме преговори со ЕУ со заштитен идентитет

0
СДСМ: Мицкоски да се извини за сите лаги, почнуваме преговори со ЕУ со заштитен идентитет

Република Северна Македонија денеска започнува преговори за членство во ЕУ со чиста формулација за македонскиот јазик, со заштитен идентитет, култура, посебност и засебност. Со ова на Христијан Мицкоски му потонаа сите лаги, деструкции и крвави сценарија за предизвикување на дестабилизација и етнички конфликт, соопшти денеска СДСМ.

Владеачката партија потенцира дека сите невистини на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за асимилација, бугаризација, манипулации за македонскиот јазик, се разобличени до крај.

-Најмалку што може, Мицкоски да направи е да се извини за сите лаги, што хистерично ги ширеше, да им се извини на граѓаните затоа што си погруваше со нивните чувства, ВМРО-ДПМНЕ да и се извини на претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, која ја нарече нацист и лажга, се наведува во соопштението.

СДСм наведува дека Мицкоски тоне длабоко и сака, со себе да ги повлече и граѓаните и целата држава.

-Но, државата продолжува напред. Македонската европска иднина е обезбедена. Реализирана е уште една стратешка цел – почеток на преговори за членство во ЕУ, членство во ЕУ како Македонци со македонски јазик, велат од владејачката партија.