СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, толку беше од неговите ветувања за одговорност на политичарите

Малку требаше за Мицкоски да си ги погази своите ветувања дека секој функционер кој се огрешил ќе одговара. Тоа ќе важи изгледа само за обичните граѓани, но не и за политичарите од неговата коалиција, соопшти денеска СДСМ.

Најголемата опозициска партија наведува дека тој коленичи.

-Мицкоски коленичи пред Гаши и ова е жално за гледање. Ниту СДСМ ниту било кој друг не напиша јасно во полицискиот извештај дека е издадена „незаконска наредба од страна на Претседателот на Собранието“. Треба ли поголем доказ од ова? За жалење е и министерот Тошковски кој наутро во извештајот пишува незаконска наредба од Гаши, а вечерта го брани дека немало основа за кривична одговорност, се наведува во соопштението.

Се додава дека се што е спротивно на законот носи правна одговорност.

-Ова е класично замижување пред правдата со цел да се спаси коалицијата. Се она за што ВМРО-ДПМНЕ го обивнуваше СДСМ, сега самото ДПМНЕ го прави во двојно поголеми размери. Го повикуваме Мицкоски да се одважи и да го смени Гаши. Само така ќе докаже дека стои на својот збор за одговорност на политичарите, во спротивно му порачуваме да замолчи засекогаш на оваа тема, потенцираат од СДСМ.

Претходна вестСо „Порше“ возел 272 км/ч на автопатот Скопје-Велес, наместо да го казнат го пуштиле со предупредување
Следна вестСлоницата од скопската Зоолошка градина била евтанизирана поради старост и болест