Мицкоски јавно, на прес конференција, пред целата македонска јавност, прифати уставни измени. Прифаќањето на уставните измени и промената на ставот на ДПМНЕ се добра основа, а сите барања на најголемата опозициска партија беа прифатени, соопшти денеска СДСМ.
Владеачаката партија наведува дека сега дијалогот треба да продолжи.
-Сега може да се разговара како заеднички да се изведат уставните измени, неопходни за продолжување на европскиот пат. Потребно е широко обединување за интеграција на државата. Членството во ЕУ е стратешка цел на државата, врвен приоритет на генерации македонски граѓани и оттаму, обврска на сите политички субјекти е да се реализира таа национална и стратешка цел. Оваа одлука не е заради моментален полиитчки рејтинг, не е заради една партија или група поединци, туку е одлука за сите граѓани, кои заслужуваат да живеат во држава членка на ЕУ, се додава во соопштението на СДСМ.