Скандалот со шефот на обезбедувањето на Христијан Мицкоски со тепање полицајци, отвора многу дилеми за улогата на Мицкоски и МВРО – ВМРО, соопшти денеска СДСМ/
Од владеачката партија наведуваат дека едно е тепањето на полицаецот кој си ја вршел својата работа.
-Шефот на обезбедувањето на Мицкоски удри по инспектор кој спроведувал акција против дрога во кафе бар во Скопје, што го покажува вистинското, насилничко и криминално лице на ДПМНЕ. Второ е дали структурите на ДПМНЕ во ВМРО-МВРО, сега откако имаат министер, ја попречуваат борбата против дилерите со дрога? МВР да одговори каква е улогата на Мицкоски во спречувањето на акцијата против дрога?, прашуваат од СДСМ.
Партијата го повикува Мицкоски да излезе пред граѓаните и да објасни.
-Овој скандал мора да биде расчистен целосно. Институциите мораат да постапат и секој инволвиран да понесе одговорност, се наведува во партиското соопштение.